Над 50 отсто излезност на референдумот во регионите на Украина

Сподели со своите пријатели

Три од четири украински региони под контрола на руските сили, каде што се одржува референдумот за присоединување кон Руската Федерација, објавија дека излезноста во првите три дена од гласањето надминала 50 отсто, пренесува ТАСС.

Loading...

Најголем одѕив забележа изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде во последните три дена гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, изјави денеска претседателот на Централната изборна комисија на ДНР Владимир Висоцки.

Претседателот на Јавната комора на ДПР Александар Кофман изјави дека излезноста во Доњецката Народна Република надминала 50 отсто.

– Во согласност со меѓународните норми, референдумот се признава за валиден кога излезноста на гласачите е 50 отсто плус еден глас. Оваа граница вчера беше надмината – рече Кофман и додаде дека тоа значи дека референдумот може да се признае за валиден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Излезноста на гласачите во Луганската Народна Република (ЛНР) е 76,09 отсто, објави шефицата на Изборната комисија Јелена Кравченко.

Од комисијата додаваат дека досега на гласање излегле 85.916 граѓани на ЛНР.

Во областа Запорожје гласале 51,55 отсто од регистрираните гласачи, објави шефицата на изборната комисија Галина Качушенко.

Таа додаде дека излезноста во овој регион по три дена гласање била 48,91 отсто.

Loading...

Пред три дена почнаа референдумите за пристапување кон Руската Федерација во ДНР, ЛНР, Херсонската област и во делови од Запорожјската област во Украина, кои се под контрола на руските сили.

Гласањето ќе трае до 27 септември, кога ќе почне пребројувањето на гласовите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Белата куќа објави дека САД се подготвуваат да воведат дополнителни економски санкции кон Русија, заедно со нејзините сојузници, доколку Москва се обиде да анектира делови од украинската територија.

– Знаеме дека со гласовите ќе се манипулира на референдумите – изјави портпаролката на Белата куќа, Карин-Жан-Пјер.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека референдумите биле незаконски.

– Секакви избори или референдуми на територијата на Украина можат да бидат распишани и спроведени само од легитимни органи во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди – се наведува во соопштението на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

– Затоа планираните „референдуми“ ќе бидат незаконски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...