Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен ќе се обидат да стават крај на низата од три победи на Работнички.
Токму Работнички и МЗТ се единствените клубови кои од досегашните три натпревари немаат забележано пораз, а избраниците на Марин Докузовски утре ќе имаат можност тоа да го променат.
Кумановци од почетокот на сезоната имаат две победи и еден пораз, што моментално ги рангира на четвртата позиција, веднаш зад Кожув со кој имаат ист број бодови.
Утрешниот меч се игра од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Никола Ивановски

