Над 20 мртви во ракетен напад врз хуманитарен конвој во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Најмалку 23 лица загинаа, а 28 се ранети во руски напад врз хуманитарен конвој во јужна Украина, соопштија локалните власти.

Loading...

Проектилот остави огромен кратер покрај колона возила во градот Запорожје.

Искршени се стаклата и шофершајбните на возилата, а на некои се видливи траги од шрапнели.

Сите жртви се цивили.

Украинската и проруската страна меѓусебно се обвинуваат за нападот.

„Непријателот изврши ракетен напад на периферијата на регионалниот центар“, рече украинскиот регионален шеф на Запорожје Александар Старук во објава на социјалните мрежи.

„Луѓето чекаа во редици да одат на привремено окупираната територија за да земат роднини, да земат помош“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Владимир Рогов, регионален функционер назначен од Москва, ги обвини „украинските екстремисти“ за нападот, објавија руските државни медиуми.

Loading...

Руските сили моментално го контролираат најголемиот дел од регионот Запорожје, вклучувајќи ја и најголемата нуклеарна централа во Европа, но не и регионалниот главен град со истото име.

 

 

Областа Запорожје е една од четирите окупирани територии каде што се одржаа непризнаени референдуми за приклучување кон Русија.

Очевидец за Ројтерс изјави дека видел тела и на земја и во возила на големиот пазар за автомобили во Орехово.

Проектилот остави голем кратер во земјата.

Телото на жена и маж во зелен автомобил се покриени со чаршафи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

До младиот човек на задното седиште лежела мртва мачка, јави Ројтерс од местото на настанот.

Две тела се наоѓале во бело комбе пред тој автомобил, стаклата биле уништени, а од страните биле видливи траги од шрапнели.

Жената, која рече дека се вика Наталија, рече дека таа и нејзиниот сопруг биле на гости кај децата во Запорожје.

„Се враќавме кај мајка ми, која има 90 години. Чудо е што преживеавме“, рече таа, стоејќи со сопругот до нивниот автомобил.

Нападот се случи на денот кога во Москва се подготвуваше церемонија за потпишување на договорот за анексија на Запорожје заедно со украинските региони Доњецк, Луганск и Херсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Најавата за анексија уследи по непризнаените референдуми во окупираните источни и јужни региони.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.