Над 1.700 лица се уапсени во операција на Интерпол во Азија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.700 лица се уапсени во десет азиски земји како дел од големата операција против шверцот на нелегално оружје, објави во петокот Интерпол.

Loading...

Во операцијата под кодно име „Тригер вод два“ ​​беа запленети повеќе од 700 парчиња оружје, неколку стотици делови и повеќе од 45.000 парчиња муниција.

„Целта на операцијата спроведена меѓу 13 и 24 ноември беше да се попречи прекуграничното движење на оружје и да се воспостават врски меѓу терористите, транснационалните организирани криминални групи и шверцерите на оружје“, се вели во соопштението.

Интерпол додава дека стандардната опрема на таквите групи во Централна, Јужна и Источна Азија станала лесно оружје бидејќи е евтино и може лесно да се сокрие и транспортира.

„Ова е забележано во Пакистан, каде се пронајдени неколку стотици огнено оружје со делови и муниција, главно во провинциите на границата со Авганистан“, соопшти Интерпол.

Откритието, се додава, доведе до апсење на 614 лица, нови истраги и подобар увид во рутите што ги користат камионите од Авганистан за транспорт на оружје и муниција во Пакистан.