Нацистичката „секретарка на злото“ почина на 99 години: Работела во логор каде беа убиени над 60.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Ирмгард Фурхнер, поранешната секретарка на нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, почина на 14 јануари годинава, потврдија германскиот суд и обвинителство, пишуваат германските медиуми.

Loading...

Таа беше позната како „секретарка на злото“ поради нејзината улога во логорот за време на Втората светска војна, каде што работела како персонал на СС од 1943 до 1945 година.

Во тој логор беа убиени меѓу 63.000 и 65.000 луѓе, а режимот е одговорен за смртта на над 100.000 луѓе.

Фурхнер беше првата жена на која ѝ се судеше во Германија за злосторства од нацистичката ера, според Њујорк пост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суданската паравоена група РСФ прогласи формирање на паралелна влада

 

 

Логорот бил познат по тоа што, за разлика од другите нацистички логори, затворениците не биле убивани во гасни комори, туку повеќето од нив умирале од исцрпеност и глад.

Loading...

Поради нејзиното учество во работата на логорот, Фурхнер беше осудена за соучесништво во убиство во 10.505 случаи и за соучесништво во обид за убиство во уште пет случаи.

Во 2022 година, таа беше прогласена за виновна и осудена на две години условна казна.

Минатата година таа се обиде да поднесе жалба на пресудата, но жалбата ѝ беше одбиена.