На Виена ѝ недостигаат 55.000 квалификувани работници

Сподели со своите пријатели

На виенските компании ќе им требаат 55.000 квалификувани работници во следните три до пет години, покажува новата студија на Стопанската комора на Виена.

Loading...

Побарувачката ги опфаќа сите образовни сегменти, од занаетчии, преку високи училишта, до технички и други факултети.

Истражувачкиот институт Макам Рисрч анкетирал 925 виенски компании кои вработуваат 80.000 луѓе, соопшти претставништвото на Град Виена.

Речиси една петтина од потребните квалификувани работници се занаетчии.

Истовремено, на почетокот на новата година виенските компании вработиле 20 отсто повеќе практиканти во однос на претходната година.

Повеќе од една третина од виенските компании во наредниот период ќе бараат технички образован кадар, пред се техничари и ИТ експерти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Во споредба со претходните години, побарувачката за матуранти од комерцијални и средни училишта е значително поголема.

Од гледна точка на компанијата, практичната настава во текот на школувањето, подобрата соработка со стопанството и деловната ориентација како предмет во средните училишта би го подобриле образованието.

Loading...

Една четвртина од анкетираните компании ја проширија обуката на вработените за време на пандемијата на корона вирусот.

Четири од десет ИТ компании планираат дополнително да ја прошират обуката на вработените во следните три до пет години.

„Потрагата по квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за стопанството. Побарувачката е зголемена уште повеќе. Главната цел е да се преземат мерки кои брзо и долгорочно ќе го решат недостигот од квалификувана работна сила“, изјави Валтер Рук, претседател на Стопанската комора на Виена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении