„На Украина ѝ остануваат околу 30 дена борби пред лошите временски услови“

Сподели со своите пријатели

На Украина ѝ остануваат уште малку повеќе од 30 дена борби пред временските услови да почнат да се мешаат во контраофанзивата, изјави началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили.

Loading...

Зборувајќи заедно со началникот на Генералштабот на британската армија Тони Радакин за Би-Би-Си, Мили рече дека контраофанзивата напредува побавно од очекуваното и дека се уште се водат тешки борби.

Тој оцени дека е рано да се каже дали контраофанзивата пропаднала.

„Има уште доволно време, веројатно околу 30 до 45 дена за борба. Има битки кои не се завршени. Украинците се уште не го завршиле борбениот дел од она што се обидуваат да го постигнат“, рече Мили.

Контраофанзивата што ја започнаа украинските сили во текот на летото има за цел да ги ослободи териториите окупирани од Русија, но досега не се постигнати големи успеси и покрај тоа што украинските генерали тврдат дека ги пробиле првите линии на одбрана на руските сили на јужниот фронт.

„Реков на почетокот на војната дека ќе трае долго и дека ќе се развива бавно и дека ќе има многу жртви, а токму тоа се случува“, рече Мили.

Генералот Тони Радакин изјави дека Украина победува, а Русија губи.

„Тоа е затоа што целта на Русија беше да ја освои Украина и да ја стави под своја контрола. Тоа не се случи и никогаш нема да се случи, и затоа Украина победува“, рече тој.

Loading...

Тој додаде дека Украина вратила 50 отсто од територијата што Русија ја окупираше, а напредокот на украинските сили зависи и од фактот што меѓународната заедница „применила економски и дипломатски притисок, од кој страда Русија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.