На преглед само во исклучително нужни и итни ситуации, апелираат од кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Пациентите да се јавуваат на прегледи само во исклучително нужни и итни ситуации, апелираат од Општа болница Куманово, а како што велат со цел да се намали приливот на пациенти, да се редуцира метежот по амбулантите и на тој начин да се превенира ширењето на Ковид-19 односно коронавирусот.

Loading...

Ваквиот апел од кумановската болница, следува по препораките на Владата во функција и превенција на ширење на вирусот.

– Апелот особено важи за категорија на пациенти од над 65 годишна возраст, кај кои постои највисок ризик при евентуална зараза од корона вирус! Апел и до сите матични лекари на територија на Општина Куманово, од кои очекуваме примарно да прават строга селекција на итност, согласно состојбата на пациентите! Апелираме до граѓаните целосно да ги почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство, стои во соопштението од Општа болница Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply