Добредојдовте во тајната британска лабораторија во која се проучува заштитата од хемиско оружје, балистика, експлозиви и кибернетичка безбедност.
ВВС добил дозвола да го посети Портон Даун. Новинарот Френк Гарднер можела да види како изгледа таа тајна установа од четврти степен. Станува збор за степен кој подразбира дека тука екипата на Одбрамбената лабораторија за наука и технологија ги анализира најсмртоносните вируси во светот, како што се ебола и марбург.
Френк Гарднер, репортер кој го следи безбедносниот сектор, таму се сретнал со еден од научниците.
Во зградата за биолошка изолација се чуваат патогени од четврти степен, односно тие се најопасни, оние кои можат да убијат. Најблизу што некој од надвор може да се приближи до лабортароија од трет степен е поглед низ мал кружен прозорец. Зад него е лабораторијата во која се работи со живи бактерии од бубонска чума.
– Тука се работи на проект на нови антибиотици и заштита на лицата во Велика Британија, во кое се користат и бактерии на бубонска чума, рекол еден од најмладите научници вработени во Портон Даун, по име Рори.
Заразените со бубонска чума патат од треска, повраќање и отечени лимфни јазли, а во краен случај можат и да починат. Меѓутоа, тоа е само еден од смртоносните патогени кои тука се истражуваат. Понатмау низ ходникот се наоѓаат црвени врати, зад кои е четвртиот степен. Тоа е највисок степен на изолација и тука се работи на најопасните патогени вируси.
Контактот со вирусите на ебола и амрбург предизвикува силна реакција и може да биде фатален, па научниците при секое влегување и излегување минуваат ригорозна безбедонсна процедура. Френг Гарднер прв добил можнсот да ја разгледа чистата верзија на лабораторијата.
– Навикнати сме постојано да користиме ракавици, ги вадиме и ставаме повеќе пати дневно. Така сфатив дека хидрантната крема е многу корисна работ,а а мојата работна маса е преполна со различни видови креми, вели Рори.
Во оваа строго чувана лабораторија научниците потврдиле дека нервниот отров новичок е користен за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговат аќерка минатата година во Солзбери.
На прашањето, дали тој случај претставувал некој вид предупредување за оние кои работат во Портон Даун, Рори вели:
„Тоа е дел од нашта работа, затоа сме тука. Ќе ја обавиме својата работа најдобро што знаеме“.
Меѓутоа, во Портон Даун се занимаваат и со балистика, експлозиви, кибернетичка безбедност и одбрана од хемиско оружје.
Во една од стаклените и изолирани лаборатории се наоѓа „Човекот од Портон“, робот кукла облечен во заштитно одело со внатрешни сензори, кои тестираат дали тоа е отпорно на нервни отрови и иперит. Човеколикиот робот во природна големина симулира движења на војници во акција. Неодамнешните напади со боеви отрови во Сирија укажале на потребата токму за вакви истражувања.