Мајка на шест деца од Охајо се соочила со вербално малтретирање и смртни закани откако објавила фотографија на која се пофали дека му го „пробила“ образот на своето дете.
-Јас сум родител, таа е мое дете и можам да правам што сакам. Јас одлучувам за неа додека не наполни 18 години. Јас го направив, го поседувам – напишала Енедина Венс.
Контроверзната објава досега е споделена повеќе од 12.000 пати, а гневните родители не можеле ниту да замислат дека тоа всушност е одлична лекција! Имено, мајката всушност сакала да го привлече вниманието на обрежувањето на нејзините синови, пишува Дејли Мејл. Пирсингот бил лажен.
– Иронично, луѓето кои беа подготвени да ме претепаат до смрт поради мојата расправија зошто го прободев моето дете, го искористија токму истиот аргумент за да го оправдаат обрежувањето на своето дете – објаснува Венс.
Венс е член на „тивка активистичка група“ која се бори против детското генитално осакатување. Таа ја стави оваа фотографија – експеримент со причина, за да нагласи дека родителите не можат и не смеат да одлучуваат за телото на своето дете.