На кумановец му се заканувале со огнено оружје поради недоразбирање во сообраќај

Сподели со своите пријатели

Кумановец пријавил дека вчера едно лице му се заканувало со огнено оружје поради недоразбирање во сообраќај.

Loading...

– На 29.09.2024 во 15.08 часот во СВР Куманово М.В. пријавил дека во село Романовце, кумановско, поради недоразбирање во сообраќај, додека се движел со неговото возило, едно лице му се заканувало со огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки