На ГП Табановце се запленети 7000 евра сокриени во патна торба

Сподели со своите пријатели

Седум илјади евра се откриени при личен претрес и контрола на патната торба на македонски државјанин, патник во македонски автобус, што сообраќал на релација Скопје – Дортмунд, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Во џебот од тренерката на патникот се пронајдени 11.000 евра, а во неговата патна торба уште 3.000 евра. На патникот му се вратени 7.000 евра бидејќи за нив поседувал документ за потекло.