Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Регионалниот центар за гранични работи поднесе пет кривични пријави за шест лица поради постоење основи на сомнение дека тие сториле кривични дела „фалсификување исправа“.
Во два случани, двајца албански државјани Л.Ѓ. (28) и Е.Т.(41) на граничниот премин „Табановце“ приложиле фалсификувана патна исправа односно извршиле бришење на штембил за издадена забрана за патување во земјите од ЕвропскатУнија.
Во вторите два случаи Е.С.(46), В.С.(47) и Ѓ.С.(23) на граничниот премин приложиле фалсификувано гарантно писмо што било воочено од страна на полициските службеници.
И во последниот случај албанскиот државјанин Л.Б.(36) откако пристигнал на граничниот премин исто така приложил фалсификувана патна исправа каде била извршена замена на страници поради прикривање на штембил за издадена забрана за патување во земјите од ЕУ.
Против сите ќе бидат поднесени кривични пријави за сторените кривични дела.