Британската обложувалница „Вилијам Хил“ ќе мора да плати парична казна од 8,7 милиони долари за кршење на прописите за спречување на перење пари и социјална одговорност, објави Комисијата за игри на среќа.
Бидејќи обложувалницата не го потврдила потеклото на парите, 10 клиенти платиле големи суми пари, кои се поврзани со криминални активности, а „Вил Хил“ остварила профит од 1,67 милиони долари.
– Ова беше системска грешка во „Вил Хил“, која траеше речиси две години, а денешната казна, која може да надмине 8,7 милиони долари, ја одразува сериозноста на прекршокот, додаваат од Комисијата./МИА