На аукција дијамант кој бил на круните на француските владетели (видео)

Сподели со своите пријатели

Аукциската куќа „Christie’s“ соопштува дека на аукција ќе биде понуден легендарен дијамант од 19 карати кој некогаш припаѓал на француските владетели, вклучувајќи го и Луј XIV и Наполеон.

Дијамантот наречен „Големиот Мазарен“ на аукција е продаден само еднаш, на познатата продажба на крунски камења во 1887 година.

Шефот на отсекот за дијаманти во Кристиз, Раул Кадаки вели дека тој дијамант е ископан во рудниците Голконда во Индија, бил на круните на скоро сите француски кралеви и цареви од почетокот на 18 век.

Претседателот на таа аукциска куќа за Европа и Азија, Франсоа Киријел го нарекол дијамант со најпрестижно историско потекло кој се уште е во приватна сопственост.

Не е наведено кој е сопственикот, освен дека аукцијата е закажана за 14 ноември во Женева.

Loading...