МЖ Инфрастуктура: Неточни се тврдењата дека со пругата ќе го уништиме локалитетот Млака

Сподели со своите пријатели

По најавата на Музеј Куманово и негирање на тврдењата на некои диви копачи дека поради изградба на пругата Куманово – Бељаковце, ќе биде уништено археолошко наоѓалиште Млака близу кумановското село Шупли Камен, со демант се јави и Македонска Железница.

Loading...

Во своето писмо до Кумановски Муабети, МЖ Инфраструктура објаснува дека  е во постојан контакт со Министерството за култура и нема да дозволи локалитет со  праисториско значање  да биде уништен при изградба на делницата Куманово-Бељаковце како дел од европскиот Коридор 8.

Изградбата на пругата во овој дел претставува реконструкција на постоечката пруга која ја изведува германската фирма ”Tибе” која на легален начин го доби тендерот за изградба на овој дел. Оттука, потполно се неточни информациите на некои таканаречени диви копачи дека со изградбата на пругата ќе се уништи локалитетот Млака. Изградбата на пругата кон Бугарија е од стратешко значање на Владата на Република Македонија, бидејќи со изградбата на Коридорот 8 ќе се поврзат три држави Бугарија, Македонија и Албанија како и пристаништата на Црно море и Јадранското море, се вели во демантот на МЖ Инфраструктура. 

Leave a Reply