Музеј Куманово негира уништување на локалитетот Млака кај с. Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Апсолутно се неточни тврдењата на некои диви копачи дека поради изградба на пругата Куманово – Бељаковце, ќе биде уништено археолошко наоѓалиште близу кумановското село Шупли Камен, вели директорот на Музеј Куманово по обвинувањата дека локалитетот Млака ќе биде срамнет со земја поради изведување на градежни работи покрај самата пруга.

Loading...

Според Анита Цветановска, директор на кумановскиот Музеј, овој локалитет при изградба на железничка пруга во 90 – тите години е пресечен еден дел, кога бил и откриен самиот локалитет. – Локалитетот Млака е праисториско наоѓалиште без видливи архитектонски остатоци.

– За потребите на изградба на железничката пруга Куманово – Бељаковце која повторно се гради, потребно е дел од локалитетот заштитно да се ископа и да се отстапи истраженото место, вели Цветановска.

За таа цел, додава Цветановска, инспекторите на Управата за заштита на културното наследство на РМ излегле на терен, при што е извршен увид, и донесена е одлука да се стопира проширувањето на железницата додека не се преземат заштитно – истражувачките активности од надлежните институции.

Според директорот, многу скоро ќе започне целосно истражување на локалитетот и негово документирање.

Фото: Преземено од интернет


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *