МВР: Во последното деноноќие низ Македонија транзитирале 4.396 бегалци

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во прифатниот бегалски центар Гевгелија, во последното деноноќие издадени се потврди на вкупно 4.396 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на   Сирија – 2.314,  Ирак -1.179 и Авганистан – 900.

Loading...

Во периодот од 19 јуни до 5 декември, издадени се потврди на вкупно 309.155 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-181.378, потоа Авганистан-74.767, Ирак-31.569, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во
помал број.

Во текот на последното деноноќие, до Секторот  за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, инвормираат од МВР.