МВР со детали за акцијата во Куманово: Четворица уапсени, петтиот во бегство

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за пет лица за кривични дела „изнуда“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, по вчерашната акција во Куманово.

– На 05.11.2026, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово. Лишени од слобода се Д.П.(37), Л.К.(73), М.К.(27), Д.Ж.(43), сите од Куманово, а З.Р.(35) од Куманово е недостапен за органите на прогонот, информираат од МВР.

Денеска (06.11.2026) ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против сите пет лица за сторени кривични дела „изнуда“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Се враќа сонцето, утринските температури во минус

Како што посочуваат од МВР, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на шест локации на подрачјето на Куманово.

При претресите биле пронајдени и одземени меѓусебни договори за заем со нереално високи камати, договори за солемнизација на недвижен имот, поголема сума финансиски средства, патнички моторни возила, мобилни телефони и други електронски уреди.

– Според досега обезбедените сознанија, од 2021 година осомничениот Д.П. формирал група со цел вршење кривични дела. Во еден од случаите, со намера да прибави противправна имотна корист, Д.П., заедно со З.Р., принудувал оштетено лице да преземе дејствија на штета на својот имот, појаснуваат од полицијата.

Имено, во текот на 2023 година, оштетеното лице побарало заем во износ од 4.000 евра од Д.П.,. Со усмен договор било утврдено дека заемот ќе го врати во рок од еден месец, со камата од 2.500 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на ГРЕКО во посета на Општина Куманово - во фокусот борбата против корупцијата

Иако бил вратен договорениот износ во целост, Д.П. побарал од оштетеното лице да ја користи својата банкарска сметка за фиктивни уплати и повлекувања на парични средства, по што започнал да упатува закани и барал патничко моторно возило да биде ставено како наводен залог за идни фиктивни долгови, кои требало да послужат како покритие за трансферите на парични средства преку сметката.

Понатаму, според сомневањата, по налог на Д.П., кај адвокат од Куманово бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, при што бил фалсификуван потписот на оштетеното лице како заемопримач.

Потоа, во истата адвокатска канцеларија бил изготвен и фиктивен договор за заем на парични средства во износ од 1.000.000 денари, кој исто така бил заверен во истата нотарска канцеларија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Матичар од Липково впишувал фиктивни бракови на странски државјани

Фиктивниот договор за купопродажба бил употребен како вистински документ, врз основа на што била извршена промена на сопственоста на возилото на име на З.Р. и била издадена нова регистарска ознака.

Во однос на наводниот долг од 1.000.000 денари, врз основа на лажната исправа била поведена постапка за извршување, по што на оштетената ѝ била блокирана банкарската сметка.

Во друг случај, друго оштетено лице во два наврати позајмил парични средства од Д.П. во износ од 180.000 денари. За заемите биле склучени два договора за заем со Л.К. и Д.П..

Иако оштетениот ги вратил позајмените средства на Д.П., тој побарал дополнително да му биде исплатена камата.

Никола Ивановски