Викенд прогноза за Куманово: Се враќа сонцето, утринските температури во минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата во текот на денот се очекува да достигне 11 степени целзусови, а ноќва за прв пат да се спушти и во негатива од -1 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на ГРЕКО во посета на Општина Куманово - во фокусот борбата против корупцијата

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до третиот степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне 12 степени целзиусови.

 

 

Новата работна недела ќе започне со врнежи од дожд.

Никола Ивановски