МВР се огласи со демант за предметната телеграма

Сподели со своите пријатели

Во врска со Телеграмата на министерот за внатрешни работи, со која министерот ги информираше работниците во Министерството за внатрешни работи дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на Одлуката за избор на членови на Владата на Република Македонија, МВР информираше за следното:

Loading...

СОГЛАСНО НИЗА МАТЕРИЈАЛНИ ЗАКОНИ И ДРУГИ ПРОПИСИ (Закон за внатрешни работи, Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, Колективен договор на МВР и други), ПРЕДВИДЕНО Е МИНИСТЕРОТ ИЛИ ОД НЕГО ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ ДА ДОНЕСЕ КОНКРЕТНИ ВИДОВИ РЕШЕНИЈА за различни прашања.

Имајќи го предвид изнесеното, кога се работи за значењето на поимот ,,пренесени овластувања“, укажуваме дека станува збор за конкретни овластувања кои министерот ги има согласно конкретни законски прописи, каде во самите законски одредби изрично е наведено дека министерот или од него овластен работник е овластен да донесува конкретни акти со кои ќе одлучува за одредени прашања.

Оттука, Mинистерот лично одлучува дали и кому ќе го пренесе овластувањето кое го црпи од законските прописи во кои е предвидена можност истото да биде и пренесено, односно дали за конкретните прашања за кои законите предвидуваат министерот да донесе решенија, истите министерот ќе ги носи лично или овластувањето за нивно донесување ќе го пренесе на друг работник.

Во таа насока, предметната телеграма се однесува на овластувањата во однос на:

– донесување решенија за распоредување (член 116 од Законот за внатрешни работи);

– издавањето наредби за извршување на итни, неодложни и специфични задачи (членови 153 и 154 од ЗВР);

– решенија за користење на годишен одмор, за користење на платено односно неплатено отсуство на работниците, за враќање на работа на работник по користење на неплатено отсуство од работа (членови 118, 124 од Колективниот договор на МВР), како и за низа други права и обврски на работниците;

– јавна внатрешна финансиска контрола (членови 8 и 20 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола).

Пренесувањето на овластувањето НЕ ГО НАРУШУВА вршењето на работите кои спаѓаат во доменот на надлежност на Министерството за внатрешни работи. Имено, пренесените овластувања за кои станува збор, не може да се одрази врз спроведувањето на активностите за кои Министерството за внатрешни работи е надлежно да постапува согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа, согласно Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и голем број други закони, а се однесуваат на спроведување конкретни акции, приведување, контрола и наредба, чие спроведување е предвидено согласно законските прописи и подзаконските акти.

Раководниот кадар и работниците во МВР воопшто, се должни редовно да ги извршуваат обврските и задачите од својата проблематика и надлежност утврдени во материјалните закони, на начин и под услови утврдени со законските прописи и подзаконските акти, а во согласност со конкретниоте работни задачи утврдени со актите за организација и работа односно систематизација на работните места во Министерството. Во оваа смисла, пренесените овластувања за прашањата за кои министерот согласно закон може да одлучи дали ќе пренесе на друг работник или ќе ги извршува лично, НЕ ЗАСЕГА И НЕ СЕ РЕФЛЕКТИРА ВРЗ РЕДОВНАТА РАБОТА НА РАБОТНИЦИТЕ, за кои нема никакви формално-правни пречки за континуирано, благовремено и одговорно да постапуваат, во согласност со утврдените надлежности и одговорности во доменот на нивната надлежност.

Воедно,  Министерството за внатрешни работи укажува дека е во тек  процесот на анализа и оценка од страна на министерот за внатрешни работи и истовремено во тек е изготвување на конкретни решенија за пренесување на овластувања.