МВР: Нови 3851 регистрирани бегалци без поднесено барање за азил

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие, во ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 3.851 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија –1.622,  Авганистан – 1.148 и  Ирак – 1.081.

Loading...

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 317.507 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-185.121, потоа Авганистан-76.653, Ирак-34.292, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено    барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.