МВР: Нови 2 220 регистрирани бегалци за последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, во ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 2.220 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на  Авганистан–917, Ирак-747 и Сирија-556.

Во периодот од 19 јуни заклучно со 9 декември, издадени се потврди на вкупно 319.727 странски државјани, а до Секторот  за азил во текот на изминатото деноноќие не е поднесено    барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил.