Како што објави Македонската Радио и Телевизија, во завршената обдукција на три тела, инаку членови на вооружената група од Куманово, според наодите се потврдило дека се работи за Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, за кој МВР се сомневаше дека е еден од лидерите на терористичката група и Бег Ризај, познат како командат Бегу, двајцата државјани на Косово.
Се работи за Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, за кој МВР се сомневаше дека е еден од лидерите на терористичката група и Бег Ризај, познат како командат Бегу, двајцата државјани на Косово.
Потврден е идентитетот и на Нусрет Каљоши, кој е македонски државјанин.
Преку Интерпол, исто така потврден е и идентитетот на едно од приведените лица. Станува збор за Сами Укшини, алијас командант Соколи.