Ниту во текот на изминатиот ден не биле издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
Откако европските земји ги спуштија рампите на своите граници за сите бегалци Македонија веќе недела дена не ги пропушта бегалците на својата територија, освен оние кои веќе половина месец се заглавени во ПЦ Табановце, а според извештајот на РЦУК нивната бројка вчера била над 1.300.
Од почетокот на годината издадени биле вкупно 89.623 потврди, од кои најголемиот дел на деца и мажи бегалци, претежно од Сирија, Авганистан и Ирак, а до Секторот за азил од почетокот на 2016-та биле доставени 29 барања за признавање право на азил во Република Македонија.