Секторот за внатрешни работи – Струмица преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија до ОЈО – Велес, поднесе кривична пријава против П.Ј (41), П.М (34) и З.Ј (35) тројцата од с.Миравци, државјани на Р.Македонија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “разбојништво” над двајца државјани на Мароко.
Имено, на 07-ми овој месец околу 22,00 часот над двајца државјани на Мароко, кај место викано „Вирот“ атар на с. Миравци, во близина на железничката пруга извршено е разбојништво. Пријавените откако се претставиле како полиција, физички ги нападнале со дрвени палки, електро шок, заканувајќи им се со пиштол и нанесувајќи телесна повреда над едно од лицата во пределот на ногата, по што ги легнале на земја и им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка торба во која имале лични работи. Веднаш потоа ги оставиле лицата зад себе и се оддалечиле во непознат правец .
Од страна на НК за КР Гевгелија веднаш по пријавување на настанот превземени се мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителите. Пријавените се идентификувани, лишени од слобода и доведени во простории на ПС од ОН Гевгелија каде што со нив се обавени службени разговори.