Музејот во Париз ќе организира ден посветен на нудистите

Сподели со своите пријатели

Музејот на современа уметност „Palais de Tokyo“ во Париз планира еден свој работен ден во целост да им го посвети на посетителите без облека.

Музејот, имено, на 5. мај организира нудистички ден. Влезот е бесплатен, а оние кои ќе сакаат да го посетат „како од мајка родени“ би требало претходно да се регистрираат во париската асоцијација на нудисти.

 

Loading...

 

Сите регистрирани, по доаѓањето во музејот, ќе ја остават својата облека во гардероберот и потоа слобоно ќе може голи да ги разгледуваат поставките на изложбата под името „Discorde, fille de la nuit“ (фр. Караница, пријателката на ноќта).

Во Париз отворен парк за нудисти

Посетителите низ изложбата ќе ги води еден од работниците во музејот, исто така нудист.

 

 

Париската асоцијација на нудисти очекува добар одзив на заинтересирани за настанот кој го нарекле „историски за француската престолнина“.

Иако од Здружението на нудисти се почесто се жалат на се помал број заинтересирани за нивниот животен стил, во Париз последните година дена забележан е нивен пораст.

Leave a Reply