Роденденската прослава на едно австралиско семејство тргнала на лошо откако некој во тортата додал марихуана и така предзивикал поголем хаос отколку што веројатно замислувал.
– Сите прекрасно се забавуваа. Како десерт е послужена торта со овошје и крем, со парчиња чоколадо. Се испоставило дека тие парчиња чоколадо содржат марихуана, изјавила една од гостите на роденденската прослава која со уште четири други е хоспитализирана во болница по консумација на тортата.
Жената открила дека за ова е виновен млад челн на семејството кој тортата ја збогатил со канабис чоколадо, мислејќи дека така ќе ја заживее семејната прослава.
– Ефектот не беше моментален, што, сега знам, е нормално кога се јадат колачи со марихуана. Околу еден час по консумацијата започнав да чувствувам како грлото ми отекува и ми се врти во главата, а три часа подоцна со уште четири члена на семејството бевме во болница со дијагноза на предозирање. Изгледа дека сум алергична на канабис или што и да беше внатре во толку голема доза, открила таа и додала дека добила адреналин и терапија за анафилактички шок, додека неколку други гости повраќале, вклучително и нејзините 80-годишни родители.
– Татко ми повраќаше, мајка ми имаше многу забрзана работа на срцето. Сите бевме преплашени затоа што неколку часа не знаевме што се случува. Луѓето паѓаа во несвест, а болничкиот персонал беше фрустриран затоа што ништо не можеа да ни објаснат, само зборувавме безмислици. Сите кои беа на прославата довикуваа едни други низ болницата и немавме претстава дека сме надувани, раскажува таа.
Членот на семејството кој е виновен за хаосот, признал неколку часа по лудилото во болницата дека ја „зачинил“ тортата од забавата, како и дека чоколадото со канабис го набавил од пријател од Америка.