Мостот Вестминстер во Лондон затворен од безбедносни причини

Сподели со своите пријатели

Лондонската полиција денеска блокираше дел од градот околу болницата „Сент Томас“ и го затвори мостот Вестминстер поради безбедносна закана, јавуваат британските медиуми.

Loading...

Полицијата на Твитер соопшти дека вооружени полицајци влегле во болницата „Сент Томас“, дека никој не смее да влегува или излегува, а „Гардијан“ пишува дека имало безбедносен инцидент во болницата.

Мостот Вестминстер, кој води кон Парламентот, е затворен за сообраќај.

Од полицијата додаваат дека ќе се обратат до јавноста кога ќе имаат повеќе информации, додека од болницата се уште не се огласија.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply