АМСМ служба за помош и информации соопштува дека денес од 09:00 – 13:00 часот ќе се изведуваат теренски истражни работи на мостот на река Којнарка во Долно Којнаре и во тој период мостот ќе биде затворен за сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.