Москва: Западот започна сајбер агресија против Русија

Сподели со своите пријатели

Сајбер агресијата иницирана од Западот против Русија ќе има последици и ќе се утврдат нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Се наведува дека во контекст на операцијата на Москва во Украина, САД и како што велат „нивните сателити“ преземаат масовна сајбер операција против Русија, пренесува РИА Новости.

 

Макрон денеска разговара со Путин

 

Се додава дека државните институции, медиумите, објектите од критичната инфраструктура и виталните системи секојдневно се изложени на силни напади со употреба на напредна информатичко-комуникациска технологија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна судењето на бизнисмен обвинет за финансирање на геноцидот во Руанда

– Никој не треба да се сомнева: сајбер агресијата започната против Русија доведе до тешки последици за нејзините поттикнувачи и извршители. Изворите на нападот ќе бидат утврдени, а напаѓачите неизбежно ќе сносат одговорност за своите постапки во согласност со законот, се вели во соопштението на руското министерство.

 

Loading...

Силните меѓународни безбедносни гаранции се клучни за Киев

 

Се додава дека во „сајбер војната“ против Русија учествуваат и „сајбер платеници“, чии задачи често се граничат со, како што се оценува, „отворен тероризам“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена причината за смртта на кралицата Елизабета