Москва воведе антитерористички мерки

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, воведе „антитерористички мерки“ во главниот град на Русија, во услови на ескалација на конфликтот меѓу руската армија и платениците Вагнер, според извештаите.

Loading...

Во саботата наутро Собјанин на својот канал Телеграм напиша дека на улиците веќе е воведена зголемена контрола на сообраќајот.

Можни се и ограничувања на масовните настани, додаде тој, пренесува N1.

„Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, напиша Собјанин.

Тој побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.

За зголемените безбедносни мерки на Телеграм напиша и гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

Воробјов ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со приватни автомобили кон јужна Русија, каде ситуацијата во моментов е особено напната.

Во петокот вечерта, шефот на приватната армија, Вагнер Евгениј Пригожин, го обвини руското воено раководство дека го нападнало кампот на неговите платеници со артилерија, хеликоптери и ракети, убивајќи многу негови луѓе.

Loading...

Тој потоа се закани дека ќе го исчисти военото раководство на Русија, велејќи дека има 25.000 луѓе под своја команда.

Во саботата наутро, Пригожин рече дека неговите сили ја презеле контролата врз воените објекти во јужниот руски град Ростов-на-Дон.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.