Москалкова: Украина е подготвена да го продолжи дијалогот за хуманитарни прашања

Сподели со своите пријатели

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова денеска изјави дека може да ја види подготвеноста на украинската страна да го продолжи дијалогот за хуманитарни прашања.

Loading...

„Украинската страна има прагматичен поглед на овие прашања и е подготвена за дијалог. Досега постигнавме одреден напредок во потрагата по исчезнати лица и враќањето на децата во нивните семејства. Се надевам дека овој дијалог ќе продолжи. Важно е ова прашање да не се политизира, туку да се заснова на хуманитарни принципи и принципи за човекови права“, изјави таа за новинарите на маргините на меѓународната конференција на омбудсманите во Анкара, пренесе ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Москалкова вчера на средба со нејзиниот украински колега Дмитро Лубинац изјави дека е договорена размена на 40 воени заробеници.

Москалкова истакна и дека со Лубинец разговарала за прашањата за обезбедување хуманитарна помош за граѓаните на двете земји.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.