Морбидна смрт на трите момчиња кај населбата Бедиње (видео)

Сподели со своите пријатели

Исуф Асани, Ваљон Максути и Егзон Шабани се трите момчиња кои вчера трагично го загубија животот, паѓајќи од мост додека се движеле во правец од нас. Бедиње кон Куманово.

Loading...

Асани и Максути доаѓаат од Куманово, додека Егзон Шабани живеел во с. Ваксинце. Загинатите се на возраст од 17 и 18 години, и биле ученици во Гимназијата ”Сами Фрашери”.

11266703_842452195843013_4433473160143522949_n

Сообраќајната несреќа се случи околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот.

Автомобилот слетал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.

Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово  поминал со лесни телесни повреди.

Loading...

фото:Кумановасот.мк