Монголија ја продлабочува соработката со САД, но предупредува на „нова студена војна“

Сподели со своите пријатели

Монголија ќе ја продлабочи соработката со Соединетите Американски Држави кога станува збор за експлоатација на ретки метали, изјави денеска премиерот на земјата.

Loading...

„Разговаравме за нашата потенцијална соработка во ископувањето на ретки метали, критични минерали, вклучително и бакар“, изјави Ојун Ердне за Ројтерс.

Тој изјави дека соработката со САД, кои ги нарече „важен стратешки трет сосед“ на Монголија, за ретките метали и критичните минерали ќе биде продлабочена со меморандумот за разбирање потпишан во јуни оваа година.

Премиерот на Монголија рече дека сака добри односи со својот сосед Кина, но предупреди дека земјите како неа ќе страдаат доколку се засили конкуренцијата меѓу суперсилите.

„Се плашам дека новата Студена војна ќе биде многу поинаква и потешка од првата студена војна“, рече тој, посочувајќи на брзите технолошки промени и глобалните проблеми како што се климатските промени.

Тој додаде дека земјите како Монголија не можат да поднесат „нова ситуација во Студената војна“ и ги повика големите сили да бидат поодговорни за да се избегнат „драстично негативни ефекти врз многу земји во светот, а особено врз глобалната економија“.

Ојун Ерден додаде дека Монголија е во разговори со извршниот директор на Tesla, Илон Маск, за можни инвестиции и соработка во секторот на електрични возила и вселената.

„Една интересна тема за која разговарав со господинот Илон Маск е пустината Гоби во Монголија, која има слична средина на Марс и го поканив да направи некои истражувања за тоа“, изјави монголскиот премиер.

Loading...

Монголија е азиска земја без излез на море, сместена меѓу Кина и Русија, а последиците од руската инвазија на Украина ја погодија и неа бидејќи имаше голем скок на цените на стоките, вклучително и експлозиви за мини, додаде Ојун Ердне.