Момче од Куманово загина во страотна сообраќајка

Сподели со своите пријатели

15-годишно момче од Куманово вчеравечер загина во страотна сообраќајна несреќа што се случила на магистралата Куманово – Крива Паланка.

Loading...

Возачот на моторот на кој се возеле, завршил со тешки телесни повреди.

 

 

До несреќата дошло откако возило марка БМВ удрило во нив во населбата Карпош.

– На 03.10.2024 околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

 

Loading...

 

Како што додаваат од полицијата, во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Шеснаесетгодишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

– Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед, стои во соопштението.

Очевидците на настанот раскажуваат дека глетката била страотна.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Loading...

 

За многу кратко време, велат, пристигнале голем број полициски возила и екипи на итната помош, но за едно од момчињата било предоцна, оти починало на лице место.

Возачот на моторот според извори на Кумановски Муабети, со тешки телесни повреди било итно пренесено на скопските клиники каде се бори за живот.

Жителите од околните куќи сведочат дека на оваа делница од патот се вози многу брзо, особено ноќе.

– На овој пат се вози многу брзо, возат и 200 километри на час. Ноќе многу брзо се вози, не знам овој колку возел, ама да не одел бргу немало да го удри и да го однесе 50-60 метри. Трагедија огромна, многу ми е жал, момчето ми е сосед, изјави Благоја Новковски, очевидец на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски