ММФ: Италија да преземе посилни акции во борбата против буџетскиот дефицит

Сподели со своите пријатели

Италија треба да преземе посилни активности за да се справи со нивото на дефицит и долг, рече извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.

Loading...

„Сметаме дека она што е во италијанскиот буџет треба да се зајакне“, рече таа, а пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

„Фискалното прилагодување што го презема Италија нема да биде доволно брзо за да ги намали дефицитите и нивото на долгот“, додаде Георгиева, пренесе Ројтерс.

Италијанската влада минатиот месец го одобри буџетот за следната година, кој вклучува околу 24 милијарди евра владини мерки за намалување на даноците и зголемување на трошоците, и покрај загриженоста на пазарот за тесните јавни финансии во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицаец во Австралија со електрошокер усмртил дементна 95-годишна жена

Се предвидува дека Италија следната година ќе има буџетски дефицит од 4,3 отсто од бруто домашниот производ.

Предлог-буџетот за 2024 година во моментов е на дневен ред на Собранието.

Минатата недела Европската комисија прогнозираше дека долгот на Италија, пропорционално втор по големина во еврозоната, благо ќе се зголеми од проектираните 140 отсто од националното производство оваа година на 141 отсто во 2025 година.