Кошаркарите на Куманово утре го играат вториот плеј-аут натпревар во домашниот шампионат, на гостување на КК Чаир.
Станува збор за незгоден противник, кој успеа во регуларниот дел од сезоната на гостување во Куманово да извојува победа.
Засега Чаир има само еден бод предност пред Куманово во плеј-аут табелата, па во овој натпревар ќе влезат со желба тоа така и да остане, додека избраниците на Марин Докузовски ќе се обидат да впишат втора победа откако минатиот викенд дома го совлаа Гостивар.
Утрешниот меч се игра од 18 часот.
Никола Ивановски

