Триесет и шестгодишник од кумановско Умин Дол бил приведен вчеравечер по пријава дека натепал момче од Пчиња.
– На 02.08.2026 во 21:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Д.К.(36) село Умин Дол, кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал В.М.(21) од село Пчиња, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

