Мистериозна рака стара 2.000 години пронајдена во бунар

Сподели со своите пријатели

Археолозите пронашле мистериозна дрвена рака стара 2.000 години на дново еден древен римски бунар во Англија, која можеби била поставена тука како понуда за боговите.

Loading...

Раката е откриена во паркот Вард, во Раундсу, Нортхемптоншир.

Археолозите го пронајдоа најраниот запис од Ерусалим (ВИДЕО)

Археолозите биле изненадени колку раката била добро сочувана, што укажува на тоа дека можеби била од поголемо значење, пишува „Фокс њуз“.

Археолошкиот експерт за дрво Мајкл Бамфорт во својот извештај напишал дека раката била „фино изрезбана од една гранка, која користи природни закривување за да формира лакт, и многу е добро направена, затоа што на површината не се видливи траги на алат.

Бамфорт исто така забележал дека раката е „релативно свитлива и грациозна“ и мжеби претставува рака на ситна возрасна личност или адолесцент.

Археолозите открија некропола и црква сместена во подножјето на Костоперска карпа

– Интересно е што горниот крај на објектот нема никакви траги за поврзување или други методи кои би можеле да се користат за прицврстување на раката за поголема скулптура. Затоа, поверојатно е дека тоа бил само тој специфичен дел од телото, кој е претставен и издвоен како некој вид вотивен дар,се додава во изјавата.

Loading...

Бамфорт и неговиот тим биле изненадени што раката била во толку добра состојба, не само затоа што радиоактивниот јаглерод покажал дека потекнува од периодот од 86 до 240 година пред новата ера, туку и затоа што бунарот бил полн со вода.

Меѓутоа, внатре недостигал кислород, што можеби допринело раката да се сочува подобро, известува „Sun“.

Image by Karsten Paulick from Pixabay

Leave a Reply