09.10.2018 22:25

Археолозите го пронајдоа најраниот запис од Ерусалим (ВИДЕО)


Натписот е пронајден на камен столб, при минатогодишните ископувања на локалитетот близу градот, под порковителство на израелскиот Институт за археологија.

Камениот столб припаѓал на римската градба, а на него се наоѓал Хебрејски натпис на кој пишувало „Hanania, sin Dodalusa, Jerusalim“.

Натписот е претставен во израелскиот музеј, а оние кои го пронашле велат дека ова е единствено откритие од периодот на вториот храм кој содржи цело име на градот, а изгравиран е пред 2.000 години.

Откритие кое го менува погледот на историјата: Откриена масовна горбница стара 5.000 години

– Како граѓанин на Ерусалим многу сум горд што имам можност да го набљудувам овој натпис, кој сведочи за името на градот, а е толку стар, како и достапен за сите кои го знаат Хебрејскиот јазик, рекол директорот на музејот Идо Бруно, а пренесуваат локалните медиуми.

Името Ерусалим претходно се јавувал во скратената верзија, а ова е прв натпис кој го содржи целосното име на градот.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments