Мистерија која никој никогаш не ја разрешил: Како воз влегол во тунел и исчезнал засекогаш? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На 14 јули 1911 година, компанијата „Занети“ им понудила бесплатно возење на богатите Италијанци како дел од нивната рекламна кампања во која го претставиле својот нов воз.

Loading...

106 патници уживале во возењето, разгледувајќи ги прекрасните пејсажи во Италија, а особено со нетрпение очекувааледа поминат низ новоизградениот тунел, еден од најдолгите и најголемите во тоа време.

НАЈГОЛЕМА МИСТЕРИЈА НА СССР: Заминале на Урал, 60 години подоцна не се знае што ги убило (ВИДЕО)

Од тој момент започнува мистеријата.

Возот влегол во тунел во Ломбардија, но никогаш не го напуштил. Работниците и полицијата пребарувале на секој сантиметар од тунелот и не пронашле ништо.

Возот немало каде да оди освен да излезе од другата страна. Нема знаци на несреќа. Сепак, двајца патници биле пронајдени, а кои скокнале низ прозорецот пред да влезат во тунелот.

„Слушнав пригушен шум и во еден момент видов бел чад што буквално го проголта целиот воз. Беше толку застрашувачко што од паника скокнав низ прозорецот. Видов дека по мене скокна уште еден”, рекол еден од преживеаните, кој извесно време страдал од несоница и траума.

ВЕЧНА МИСТЕРИЈА: 7 геолошки појави кои научниците не можат да ги објаснат (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

За време на Втората светска војна, овој тунел бил  бомбардиран и затворен засекогаш. Никој не можел да го објасни овој неверојатен феномен.

Имало дури и сведоци кои рекле дека виделе дека возот влегува во тунелот и не излегува надвор. Неколку извештаи наведуваат дека патниците на возот „Занети“ биле видени во Мексико.

Психијатар во локална болница тврди дека 104 Италијанци биле примени во „хистерична состојба“. Дека сите биле облечени во чудна облека, тврдејќи дека патувале од Рим.

Мистерија стара 74 години: Како пет американски авиони исчезнаа во Бермудскиот триаголник? (ВИДЕО)

Еден од патниците, наводно, имал цигари на кои бил напишан датумот 1907 година. За кутиите цигари се вели дека сè уште се чуваат во мексиканскиот музеј. Нема конкретни докази за овој случај во Мексико, ниту е познато што се случило со пациентите.

На 29 октомври 1955 година, наводно се појавиле три вагони во село во Украина.

Пјотр Устименко, железнички работник, тврди дека тие биле бесшумни. И описот на возот што тој го дал одговара на возот „Зенети”. Возот, со цврсто затворени ролетни, отворени врата и празна возачка кабина кој се движел бавно.

Мистеријата за исчезнатото девојче која трае веќе 38 години (ВИДЕО)

Loading...

Возот е виден неколку пати во различни дестинации и временски периоди.

Дури и денес, луѓето не престануваат да го истражуваат чудниот феномен на „Занети“ возот.