Мирослав Тричковиќ повеќе не е дел од Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Мирослав Тричковиќ повеќе не е член на Советот на Општина Куманово откако денеска беше прифатена неговата оставка.

Loading...

Причина за оставката е неговото назначување за директор на Управата за развој и унапредување на образование на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за однос меѓу заедниците.

Тричковиќ е член на ДПСМ и на изборите настапни на кандидатската листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не влезе во првата постава на Советот, туку го замени Бобан Николовски, кој тогаш стана директор на ЈП „Куманово план“, а сега е прв човек на Царинската управа.

На местото на Тричковиќ според кандидатската листа би требало да се најде Дејан Јовановски, чиј мандат би бил верифициран на следната седница.

Никола Ивановски