Министри од Србија ќе присуствуваат на Светосавска академија во Куманово

Сподели со своите пријатели

По повод државен празник на Србите во Македонија Св.Сава, Српската заедница од Македонија р.о. Куманово традиционално организира свечана Академија.

Loading...

Оваа година Академијата ке се одржи во Занаетчискиот дом, на 26.01.2023, со почеток од 19:00.

Специјални гости на овогодишната Светиосавска академија ќе бидат Министерот за одбрана и Потпредесдателот на Влада на Република Србија Милош Вучевић, Министерот за работа, запослување, боречки и социјални прашања Никола Селаковић, Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, Амбасадорката на Србија во Македонија Невена Јовановић како и други гости од сверата на политиката и културата.

Исто така предвиден е и богат културни-духоврн програм во кој ќе настапат: Уметнички ансамбл на Министерството за одбрана на Р.Србија „Станислав Бинички”, Тенор и оперски пејач Оливер Њего, Глумци од Српскиот народен тетар од Белград, Книжевник, режисер и публициста Драгослав Бокан како и Културно уметничко друштво “Српски вез”.

Интегрално соопштение