Минималната плата во Франција би можела да надмине 1.500 евра веќе во декември

Сподели со своите пријатели

Франција размислува за зголемување на минималната плата на повеќе од 1.500 евра нето месечно, изјави денес францускиот министер за труд Жан-Пјер Фаранду.

Во интервју за телевизијата TF1, тој рече дека ја поддржува можноста за зголемување на минималната плата од 1 декември.

Во тој случај, одлуката треба да се донесе следната недела за зголемувањето да стапи на сила на време, пренесува Фигаро.

Минималната плата (SMIC) во Франција моментално изнесува 1.477,93 евра нето месечно, а нејзиното зголемување на повеќе од 1.500 евра би значело зголемување од околу 30 евра.

Синдикатите, сепак, бараат зголемување на минималната плата во Франција за 100 до 150 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зградата на јавниот сервис RTE во Даблин евакуирана поради закана со бомба

Министерот, исто така, објави дека владата сака брзо да започне преговори за минималните плати по економски гранки.

По неколку недели протести, синдикатите треба да учествуваат на социјална конференција свикана од премиерот во седиштето на владата во Матињон во понеделник.

Фаранду изјави дека разговорите со синдикатите и работодавачите ќе траат до недела, а целта е да се постигне компромис за минималната плата, најниските плати по економски гранки и преговорите за платите во компаниите, пренесува Танјуг.