Мини матурантите од ”Развигорче” ги фрлија шапките во воздух (галерија)

Сподели со своите пријатели

Дечиња од големата група на градинката ”Развигорче”, денес со прослава за ”мини матуранти”, се збогуваа со своите воспитувачи, со забава за родителите и членовите од помалите групи.

Loading...

За децата кои во септември ќе се запишат на училиште, градинката им приреди забава во знак на сеќавање на деновите поминати во воспитно – образовната институција, соопшти одговорниот воспитувач, Ленче Алексовска.

 

[huge_it_gallery id=”70″]

 

Забавата за децата од големата група започна со облекување на тога и капи кои на знак на воспитувачот беа фрлени во воздух.

Инаку, прославата за мини – матурантите во секој објект на ЈОУГД ”Ангел Шајче” е традиционална, и секоја година, децата имаат своја приредба со подвижни игри, а за крај, децата и родителите играат оро, со заедничка торта за сите посетители.