Левото крило на Женскиот ракометен клуб Куманово ја доби наградата за најдобра ракометарка на завршниот Фајнл фор турнир во македонскиот ракомет.

Младата ракометарка на Куманово вели дека сега на ред е победа и во Првата лига.

– Задоволна сум многу од мојата екипа, се трудевме, го пруживме својот максимум и стигнавме до нашата посакувана цел. Добро беше, чувството е неверојатно, посакувам на секој да доживее барем еднаш во животот едно вакво чувство, една ваква еуфорија, изјави Трајковиќ.
