Огромен питон нападнал жена (64) во Тајланд, но таа сепак успеала да избегне ужасна смрт.
Рекла дека вечерта додека миела садови дома ја нападнал питон тежок 20 килограми.
Рептилот се обвил околу неа и таа поминала околу два часа во таа состојба додека спасувачите не ја ослободиле, пишува Гардијан.
По спасувањето жената рекла дека змијата неколку пати ја каснала.
Додала дека се обидела да се бори со рептилот и повикала помош, но никој не ја слушнал.
Таа во еден момент ја зграпчила главата на змијата со надеж дека ќе ја пушти, но, како што изјавила, змијата „постојано ја гушила“.
На крајот, соседот го слушнал нејзиниот плач за помош и повикал полиција.
Питонот бил долг 4 метри. На видеото снимено од спасувачите се гледа како жртвата седи на подот со змија завиткана околу половината.
Откако била спасена, жената била хоспитализирана.
Питоните не се отровни, но нивните каснувања можат да предизвикаат инфекции.
На почетокот на летото во Индонезија, џиновски мрежест питон изеде жена, а нејзиното тело беше пронајдено во стомакот на рептилот следниот ден.
Како што се дознало, жената исчезнала во шумата, недалеку од нејзината куќа, на пат кон пазарот.
Околу 12.000 луѓе биле лекувани од каснувања од отровни змии и животни во Тајланд во 2023 година, соопшти Канцеларијата за здравствена безбедност на земјата.
Според владините податоци, минатата година 26 лица починале од каснување од змија.
A resident of Thailand spent almost two hours fighting a four-meter python that attacked her while she was washing dishes, bit her several times and tried to strangle her.
A neighbor eventually came running to the noise and called the rescuers. The woman survived and did not… pic.twitter.com/CoCSPuMr6s
— Trending News (@Trend_War_Newss) September 18, 2024