Не треба да се грижите за мене, добро сум, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел откако по трет пат во период од месец дена е видена каок се тресе.
На Меркел овој пат и се слоши додека стоеше покрај финскиот премиер Анти Рине. Започна да се тресе додека се слушаше интонирањето на националните химни на двете земји.
– Добро сум. Луѓето не треба да се грижат за мене, изјавила Меркел на прес конференцијата по средбата со финскиот премиер.
На германската канцеларка не и беше добро ниту на 27ми јуни кога стоеше покрај германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на церемонија за поставувањето на новиот министер за правда. Меркел тогаш ја понудиле со чаша вода која ја одбил.
По половина час пристигнала во парламентот и изгледала подобро.
Скоро истата сцена се одвиваше и претходно, додека го пречекуваше украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Фото: printscreen Youtube/The sun