Мерц им предложи на лидерите на ЕУ Украина да добие статус на „ПРИДРУЖЕН ЧЛЕН“: Еве што тоа значи!

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи, во писмо до лидерите на Европската Унија, на Украина да ѝ се даде статус на „придружен член“ како привремен чекор кон членство во ЕУ.

Во писмото, кое го виде Ројтерс, Мерц рече дека тоа би можело да помогне во постигнувањето договор за прекин на војната со Русија.

Мерц наведе дека статусот на „придружен член“ ќе им овозможи на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и министерските состаноци, но не и да гласаат на нив.

Германскиот лидер, исто така, предложи членките на ЕУ да преземат „политичка обврска“ да ја применат клаузулата на блокот за взаемна помош на Украина, „со цел да се создаде значајна безбедносна гаранција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските лидери згрозени од однесувањето на израелскиот министер: „Апсолутно неприфатливо“

„Мојот предлог ја одразува посебната ситуација на Украина, земја во војна. Тоа ќе помогне во олеснувањето на тековните мировни преговори како дел од договореното мировно решение“, рече Мерц во писмото.

Тој додаде дека тоа е „неопходно не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на целиот континент“.

План за формирање посебна работна група

Мерц додаде дека неговиот предлог за Украина нема да влијае на другите земји-кандидатки за членство во ЕУ и предложи блокот „да разгледа иновативни решенија“ за оние кои долго време работат на пристапување кон ЕУ.

Тој додаде дека планира да разговара за ова со колегите и другите европски лидери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов скандал во Украина: Уапсени полицајци поради скандал со „по*но канцеларија“

„Мојата цел би била наскоро да се постигне договор и да се формира посебна работна група која ќе ги разработи деталите“, заклучи Мерц.

Украина аплицираше за членство во ЕУ во февруари 2022 година и доби официјален статус на кандидат во јуни истата година.